Најплатениот фудбалер на Челси ќе му стане колега на Елмас во Наполи!?

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси затоа што повеќе не добива шанса во премиерлигашот, а како негова следна дестинација се споменува Италија.

Стерлинг е најплатен фудбалер во Челси, а веќе одби позајмици од Вест хем и Фулам затоа што сака да направи трансфер и да замине од „Стемфорд бриџ“.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Наполи е заинтересиран за услугите на Стерлинг, па наскоро би можел да испрати понуда до светскиот клупски шампион.

„Трансфермаркт“ во моментов ја проценува вредноста на Стерлинг на пет милиони евра, а тоа е драстичен пад, откако „сините“ во 2022 година го купија за 70 милиони евра.