По примерот на Челси и Интер, „Најк“ креираше ретро дрес и за Барселона. Шпанскиот шампион денеска и официјално го промовираше третиот дрес за сезоната 2019/2020. 

Идејата на американската компанија е одлична, да го врати шмекот на дресовите од 90-тите години од минатиот век, кога на униформите на фудбалерите доминираа крагните.