Најбараниот Србин ги разочара гигантите: Останувам во Лацио!

Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе две години беше на радарот на најголемите европски клубови, кои посакуваа да го ангажираат, а за него Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио бараше и до 150 милиони евра, па успеваше да ги откаже од намерите да му го земат фудбалерот за врска.

Милинковиќ-Савиќ и во последно време беше во фокусот, само овојпат Лацио расположен да го продаде и добро да заработи, само што српската ѕвезда има поинакви планови – сега не сака да си оди од Рим.

Причината е што по 13 години, Лацио повторно ќе игра во Лигата на шампионите, а сонот на србинот му се исполни да биде дел од европската елита.

„Останувам во Лацио! Сите нека знаат дека останувам. Мене ме ценат во Лацио, многу ми е убаво тука, клубот од година во година напредува. Јас сакав да бидам дел од ЛШ, сега тоа се оствари и ќе играме во ЛШ. Нема ни една причина зошто би си одел. Имам долгорочен договор и уште долго време ќе ме гледате тука“, вели Сергеј.