Најавија нови засилувања: Јунајтед за три години потроши 600 милиони евра, но тука не застануваат

Екипата на Манчестер Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон со годините никако да создаде моќен тим со кој би се борел за титулата во Премиер лига.

Менуваа менаџери, купуваа скапи засилувања, но Манчестер Сити и Ливерпул се далеку напред пред нив во моментов. Најголемите ривали на Јунајтед исто така потрошија огромни пари за засилување, но тие беа донесени разумно и речиси секој од нив се вклопи во тимот.

Во последните три сезони, Манчестер Јунајтед потроши дури 600 милиони евра на нови играчи кои донесоа само еден трофеј, онаа во Лига Купот во 2017 година. Во тој период, на „Олд Трафорд“ пристигнаа дури 14 нови играчи, но никој досега не ја оправда сумата на вложените пари. Најдобар пример за лошата спортска политика е трансферот на Бразилецот Фред, кој минатата година пристигна за 60 милиони евра, но е сосема неупотреблив играч.

Но, Јунајтед нема да запре тука, според британски „Дејли мејл“, Јунајтед тргнува во нова офанзива следното лето, со околу 350 милиони евра. На „Олд Трафорд“ се очекува да пристигнат неколку фудбалери, а најмногу интерес е покажан за Џејмс Медисон, кој Лестер сигурно нема да го продаде за цена помала од 70 милиони евра.

Освен него, напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, кој постигна шест гола на 11 меча оваа сезона, а се наоѓа на списокот со желби и треба да ја засили напаѓачката линија во Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ останаа без Ромелу Лукаку и Алексис Санчез ова лето, но не успеаја да донесат ниту еден класичен напаѓач, па Солскјаер остана само со Маркус Рашфорд и младиот Мејсон Гринвуд.

Цената на Дембеле е непозната, но Британците проценуваат дека ќе чини околу 50 милиони евра.

Со Џејмс Медисон на „Олд Трафорд“, Солшер ќе ја зацврсти офанзивата, а се поменува и името на Саул Нигез од Атлетико Мадрид, што би било рекордно засилување на клубот. Шпанскиот 24-годишен играч неодамна го продолжи договорот со Атлетико, во кој беше вметната откупна клаузула од 150 милиони евра.