На трофејот од Премиерлигата веќе е напишано името на Ливерпул (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави една снимка од трофејот во Премиерлигата, за која не е потврдено дека е вистинскиот трофеј, но интересно е да се забележи дека на него веќе беше напишано името на Ливерпул, кој има убедлива предност пред Манчестер сити и се наоѓа на чекор од титулата.

Сите се среќни поради продолжувањето на сезоната во англискиот шампионат, а без сомнеж најсреќни се фановите на Ливерпул, кои наскоро најверојатно ќе го прослават освојувањето на трофејот.