На теренот играат Мајорка и Барса, а во ВИП-ложата - полугола танчарка! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Мајорка и Барселона, кој се одигра во вторникот, уште предизвикува реакции, не затоа што резултираше во возбудливо реми 2-2, туку поради една видео-снимка, која покрена остри реакции.

За време на натпреварот на „Естадио Сон Моиш“, гледач од трибините успеал да сними што се случува во една од ВИП-просториите. Снимил како полугола танчерка игра и ги забавува присутните богати гости, без некој да се грижи што се случува на настанот за кој божем дошле.

Сето ова предизвика бурни реакции од типот:

„Се загуби смислата на фудбалот!“

„Ова не смее да биде дозволено на фудбалски стадион!“

„Ова е деградирачко и ниско!“

Станува збор за ресторан, вграден во трибината, споен со ВИП-ложата на новиот стадион на Мајорка. Се разбира, сопственикот нема грижа на совест и настанот го објаснил со зборовите: Ова не е црква, ова е ресторан.