На „Сао Паоло“ забраниле да се користи зборот – Јувентус!

Јувентус по 33 одиграни натпревари во италијанската Серија А, се наоѓа на првата позиција на табелата со четири бода повеќе во однос на второпласираниот Наполи. Токму овие екипи ќе се „пресметаат“ во недела во дуелот, кој би можел да тргне многу дилеми за Скудетото.

Екипата на Наполи неколку дена се подготвува за големото дерби, а тренерот Маурицио Сари одлучил да направи драстични потези. Тој го забранил зборот „Јувентус“ во соблекувалната и тренинг центарот.

Според италијанските медиуми, Сари се одлучил на ваков потег за да го намали притисокот, кој се создава на неговите играчи, па така тренерот верува дека Наполи ќе игра многу подобро, кога би немале притисок.