„На ФИФА и се потребни луѓе кои ќе го спречат расизмот“

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре, упати замерка до Светската фудбалска федерација со третирањето на проблемот со расизмот на стадионите.

Тој истакна дека на највисокото тело во фудбалот му се потребни луѓе кои во иднина ќе внимаваат на прашањето со расизмот.

Мора да има решение. На ФИФА им се потребни луѓе кои ќе внимаваат на ова прашање. Мислам дека сега, при такви инциденти, играчите само треба да го напуштат теренот. Ова ќе биде сигнал за ФИФА и УЕФА, кои ќе сфатат дека овие играчи се важни. Јас навистина би сакал да ја видев Англија како го напушта теренот во натпреварот со Бугарија. Би бил среќен. Ние мора да имаме луѓе кои ќе сторат сè како што треба. Можеме да одиме на телевизија и да разговараме за тоа, но тоа не значи дека луѓето на високи позиции во фудбалот ќе реагираат, истакна Туре.