На Баерн му се многу 100 милиони евра за Сане, Германецот оди во друг гигант!

Германскиот великан Баерн Минхен веќеподолго време е заинтересиран да го купи германскиот репрезентативец Лирој Сане од Манчестер сити, но веројатно Баварците нема да го ангажираат зашто офанзивниот фудбалер им е – прескап

Според последните информации, Баерн не сака да даде 100 милиони евра за Сане, ама во трката сега се вклучува Пари Сен Жермен, кој нема да жали пари. За многумина обидот ПСЖ да го купи Сане е најава дека Нејмар ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Наводно Сити сака да го продаде Сане за да собере пари за Леонардо Бонучи и Кансело од Јувентус, со што би се засилиле уште повеќе во дефанзивата.