Мурињо во „пет до 12“ одби засилување од Манчестер јунајтед

Турскиот гигант Фенербахче оваа сезона сака да го освои трофејот во домашниот шампионат, па тоа е главна мисија на тренерот Жозе Мурињо.

Фенербахче во изминатите денови се поврзуваше со различни засилувања, а едно од нив беше Антони од Манчестер јунајтед.

Медиумите пишуваат дека Мурињо во „пет до 12“ одбил да се засили од Премиерлигата затоа што сметал дека Антони не му е потребен.

Фенербахче се наоѓа на првото место во лигата по четири одиграни кола со 10 бодови.