Мурињо: Тотнем е единствениот клуб со кој немам блиска врска!

Жозе Мурињо откри дека Тотнем е единствениот клуб од оние со кои работел со кој нема блиска врска, има две причини поради тоа.

Жозе Мурињо во кој клуб и да работи, дава се од себе и со својата борба за клубот ги освојува фановите. Но, не успеа да се зближи со оние на Тотнем, а спред него има две причини за тоа.

„Тотнем е единствениот клуб со кој немам блиска врска. Веројатно затоа што стадионот беше празен за време на Ковид и поради тоа што претседателот Даниел Леви не ми даде да играм финале и да освојам трофеј. Но, тоа е само еден клуб во мојот живот со кој се случило тоа“, вели Мурињо.

„Во сите други клубови секогаш сум имал солидна врска бидејќи луѓето не се глупави. Не се работи за победи или порази. Фановите разбираат дека јас се борам секој ден за нив. Во мојот случај, јас сум Романиста, Мадридиста, Интериста.... Секогаш ќе бидам приврзан за Рома и за другите клубови кои ги тренирав“.

Мурињо беше отпуштен од Тотнем на неколку дена пред финалето од Лига Купот, тоа е и единствениот клуб каде што работел а не освоил ниту еден трофеј.