Мурињо се јави по жестоките критики и навреди: Признавам дека згрешив!

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо призна дека ги прекршил правилата на властите за држење на растојание на отворен простор, откако денеска беше забележан во парк на тренинг со своите фудбалери.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Мурињо, Ндомбеле, Санчез и Сесењон како тренираат во парк, по што јавноста жестоко ги критикуваше, а Португалецот доби и навреди на негова сметка.

„Признавам дека моите постапки беа погрешни. Важно е сите да ја одиграме нашата улога и да ги следиме советите на Владата за да ги поддржиме нашите херои од здравствениот систем и да спасиме животи“, кажа Мурињо за „Би-би-си“.