Мурињо: Од првиот ден бев горд што го носев грбот на Манчестер јунајтед

Жозе Мурињо предмалку објави официјално соопштение по отказот од Манчестер јунајтед. Португалецот остана доследен на своите принципи и не сакаше да коментира ништо околу прекинот на соработката. 

„Бескрајно сум горд што го носев грбот на Манчестер јунајтед уште од првиот ден кога пристигнав и мислам дека навивачите на тимот го препознаваат тоа. Како и во претходните мои клубови, работев со многу прекрасни луѓе и мислам дека некои од нив ќе ми бидат пријатели за цел живот. Знам дека сите сте свесни за моите професионални принципи. Секогаш кога ќе заврше едно поглавје, покажувам целосна почит и не коментирам ништо за моите поранешни колеги. Се надевам дека медиумите исто така ќе ја почитуваат мојата приватност и ќе ми дозволат да си го живеам животот до моментот кога  ќе одлучам повторно да му се вратам на фудбалот. Среќен Божиќ“, стои во официјалнот соопштение на Мурињо.