Мурињо: Јунајтед има иднина без мене и јас имам иднина без Јунајтед

Жозе Мурињо по вчерашниот отказ од Манчестер јунајтед се врати во семејтиот дом во Лондон. Таму го чекаа огромен број на новинари. 

Во прв момент Португалецот не беше среќен што новинарите сакаат да му земат изјава, со оглед на фактот дека никогаш не ги коментирал своите откази од клубовите. Не сака да навлегува во детали, но откако се врати од шопинг, сподели неколку реченици со медиумите.

„Манчестер јунајтед има иднина без мене и јас имам иднина без Манчестер јунајтед. Зошто би споделувал нешто повеќе? Па дури и со навивачите било кои од моите чувства. Готово е. Таков сум секогаш. Јас ги критикував менџарите кои зборуваат јавно што се случило и кој е виновен. Тоа не сум јас. Едноставно сакам да завршам како да се случило вчера и сакам да кажам дека е готово. Само се надевам дека вие медиумите ќе го почитувате тоа“, рече Португалецот.