Мурињо има црна листа - шест фудбалери на Реал Мадрид заминуваат!

Ќе има многу промени во Реал Мадрид ова лето, фудбалери ќе дојдат, но некои и ќе заминат. Жозе Мурињо веќе ги има плановите за преодниот рок, а има и листа на играчи кои треба да си одат.

Флорентино Перез му даде комплетна поддршка на Жозе Мурињо, Португалецот има одврзани раце да го состави тимот со кој ќе биде одговорен за резултатите.

Во текот на денешиот ден се очекува да бидат потврдени Ибрахима Конате и Дензел Думфрис како ови засилувања.

На црната листа на Мурињо има шест фудбалери, а најголемата ѕвезда е Родриго.

Покрај него на излезна врата се уште и Едуардо Камавинга, Раул Асенсио, Дани Себаљос, Фран Гарсија и Франко Мастантуоно.

Некои од нив ќе бидат продадени, а дел може да бидат испратени и на позајмица.