Мурињо го отпиша Швеѓанецот: Зошто би го ангажирал Ибра кога го имам Кејн?

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо зборуваше за потенцијален трансфер на Златан Ибрахимовиќ, па реши да ја отфрли можноста да го ангажира Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ се поврзуваше со трансфер во Тотнем од првиот момент на пристигнување на Мурињо, но очигледно нема да се случи такво нешто.

„Имам одличен однос со Ибрахимовиќ. Тој е одличен фудбалер и човек, но би кажал дека нема шанси да дојде во Лондон. Го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Нема смисла да го донесам Ибра покрај Кејн“, вели Мурињо.