Мурињо го договори најскапиот трансфер во историјата на Фенербахче

Турскиот гигант Фенербахче се договори со мароканскиот фудбалер Јусуф Ен-Незири и ќе плати дури 20 милиони евра што ќе биде најскап трансфер во историјата на клубот.

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо на тој начин ангажира големо засилување со кое се надева дека ќе го освои тронот во Турција.

Трансферот на Ен-Незири може да значи и заминување на босанскиот напаѓач Един Џеко, кој би бил вишок во составот на Мурињо, а ситуацијата ќе се обиде да ја искористи Хајдук Сплит.