„Мундо Депортиво“ најави „бомба“: Гвардиола го презема Милан!?

Милан веќе неколку години не може да се врати во врвот на европскиот фудбал, па управата е подготвена да преземе очајнички чекори за да го оствари тоа.

Во текот на летото „росонерите“ беа активни на трансфер-маркетот, но не успеаа да ангажираат добри фудбалери бидејќи Милан во моментов е на 13. место во Серија А.

Газдите на Милан го ангажираа Стефано Пиоли, но тој е само привремено решение, зашто планот на „росонерите“ е да го ангажираат Пеп Гвардиола од Манчестер сити, додека спортски директор треба да биде Марк Овермарс.

Иако звучи неверојатно тоа во моментов, сепак „Мундо Депортиво“ пишува дека намерите на „росонерите“ се и тоа како сериозни.