Му забија нож во грб: Реал Мадрид бескрајно го разочара Серхио Рамос

Серхио Рамос без дилема е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Овој фудбалер пред 15 години пристигна во Реал Мадрид и долги години е капитен на клубoт.

На „Сантијаго Бернабеу“ пристигна Севилја во летото 2005 година за речиси 30 милиони евра, а тоа се покажа како фантастичен потег на Реал. Но, јасно е дека Рамос полека влегува во залезот на кариерата бидејќи неодамна го прослави својот 34-ти роденден.

Сепак, Рамос изјави дека ќе игра се додека се чувствува добро на теренот. Тој има едногодишен договор со Реал и покажа желба истиот да му биде продолжен.

Но, денеска „Марка“ пишува дека Реал му понудил продолжување на договорот до летото 2022 година, поради што Рамос се разочарал. Тој очекувал дека договорот ќе биде продолжен до летото 2023 година со оглен на лидерската улога која ја има во тимот и е една клучните алки во одбраната на „Кралевите“.