„Можев да бидам добар колку Роналдо или Меси, но сакав да си пијам вино“

Кристијано Роналдо и Лионел Меси изминативе 15 години доминираат на фудбалската сцена. Двајцата имаат неверојатни кариера со огромен број титули зад својот грб и статистки кои тешко ќе бидат достигнати наскоро.

Своевремено еден од најдобрите фудбалери во средниот ред во Европа беше и Весли Снајдер. Холанѓенецот вели дека можел да биде на исто ниво со Меси и Роналдо, доколку водел живот како овие двајца, но едноставно сакал да ужива и во други работи.

„Можев да бидам добар колку Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но едноставно не сакав. Сакав да пијам вино по некогаш, Лео и Кристијано беа поинкави, тие жртвуваа буквално сè, но и јас имав фантастична кариера“, изјави Снајдер.

Најголемиот успех во кариреата тој го имаше со Интер во 2010 година, кога ја освои „триплетата“ (Серија А, Куп на Италија и Лига на шампиони). Играше за Ајакс, Реал Мадрид, Галатасарај, Ница и Ал Гарафа. За Холандија настапи на 134 натпревари.