Мората и Родри нема да играат против Србија - УЕФА ги суспендира

Репрезентацијата на Шпанија ќе биде ослабена на стартот на новото издание на Лигата на нации поради суспензијата што ја добија Алваро Мората и Родри.

Причина за казната што ја одреди УЕФА е скандирањето „Гибралтар е Шпанија“ на двајцата фудбалери за време на прославата на титулата од последното Европско првенство. Мората и Родри добија суспензија од еден натпревар која ќе ја издржат идниот месец, при првиот следен настап на репрезентацијата.

Тоа значи дека нема да бидат во комбинација за настап против Србија во мечот кој се игра на 5 септември, во Белград.