Модриќ се враќа во Динамо Загреб?

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ има договор до јуни со Реал Мадрид, а на лето ќе стане слободен агент и веќе се шпекулира за тоа каде би можел да ја заврши кариерата.

Претседателот на Динамо Загреб, Мирко Баришиќ разговарал со Модриќ и му предложил да се врати во Динамо, а засега не се откриваат детали од телефонскиот повик и дали Хрватот е расположен за преселба на „Максимир“.

Модриќ во кариерата го носеше дресот на Динамо Загреб, а играше и за Тотнем, Интер Запрешиќ, како и Зрињски.