Модриќ ќе остане без „десетката“, познато кој ќе го наследи!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез донел одлука да му ја одземе „десетката“ на Лука Модриќ доколку Хрватот реши да остане во шпанскиот гигант по крајот на сезоната.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез решил да ја даде „десетката“ на друг фудбалер, а тоа е Мартин Зубименди кој се наоѓа високо на неговата листа со желби.

Наводно веќе бил организиран состанок во Мадрид, а Перез му кажал на Зубименди дека ќе му ја даде „десетката“ и летово планира да испрати понуда до Реал Сосиедад.

„Кралевите“ планираат да ја исплатат откупната клаузула од 60 милиони евра, зашто Реал Сосиедад претходно соопшти дека не планира да ја намали цената за Зубименди.