Милан Стојаноски нуди помош за фамилиите на повредените кои се пренесени во Белград!

Поранешниот македонски фудбалер, Милан Стојановски кој живее во Белград се понуди за помош на фамилиите на настраданите од пожарот во Кочани кои се префрлени во болниците во Белград.

Дел од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ се префрлени во болници во соседството, Солун, Белград, Софија...

Поранешниот македонски репрезентативец, Милан Стојаноски се понуди за помош на оние кои се префрлени во Белград.

„Само што ме контактираше нашиот поранешен репрезентативец Милан Стојаноски. Тој живее во Белград и се понуди за каква било помош за фамилиите за сите оние повредени кои што се префрлени во Белград за лекување. Значи нашиот голем Милан ви стои на располагање. Нуди сместување и било каква помош. Ти благодариме Брат мој. Контакт Телефон +381 65 8222 888“, објави поранешниот фудбалер Панче Ќумбев.