Милан ова лето ќе има „неверојатен“ буџет за трансфери

Сопствениците на Милан, „Елиот Фонд“ го зголемиле трансфер-буџетот на клубот за ова лето на 40 милиони евра. 

„Росонерите“ претходно имаа само 25 милиони евра за трошење според финансиите во клубот, но американските газди го зголемија за дополнителни 15 милиони. Клубот на располагање нема големи средства поради фактот што не успеа да се квалификува во Лигата на шампиони, а сите дополнителни инвестиции на трансфер-пазарот повторно ќе донесе истрага и казна од УЕФА поради нарушување на Финансискиот фер-плеј.

Сепак, италијанските медиуми велат дека Милан ќе има повеќе пари за трошење, бидејќи ќе инкасира 40 милиони евра од продажбата на Сусо во Атлетико Мадрид, а можно е заминување на Џанлуиџи Донарума или Френк Кеси, кои исто така ќе донесат сериозни пари во буџетот на клубот.

Новите аквизиции ќе зависат од желбите на новиот тренер Марко Џампаоло, кој денеска најверојатно ќе биде промовиран во „Каса Милан“.