Милан не му бил приоритет: Ибрахимовиќ сакал кам-бек во ПСЖ

Златан Ибрахимовиќ минатото лето по истекот на договорот со Милан сакал да се врати во редовите на ПСЖ, пишува „Ле Паризиен“. 

Швеѓанецот сакал да му се приклучи на тимот за да се бори за титулата во Лигата на шампиони, трофеј што му недостига во неговата богата кариера. Голгетерот се понудил преку неговиот менаџер Мино Рајола, но спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веднаш ја одбил можноста Ибра да направи кам-бек во Париз.

Потоа голгетерот реши да потпише нов едногодишен договор со Милан. Швеѓанецот играше за ПСЖ четири сезони (2012-2016) и постигна 156 голови на 180 натпревари.