Милан има тројца кандидати за наследник на Пиоли

Поранешниот италијански шампион Милан оваа сезона нема добри резултати и поради тоа тренерот Стефано Пиоли најверојатно ќе си замине од кормилото на крајот на сезоната.

„Росонерите“ веќе почнале потрага по нов стратег, а на листата со желби на клубот од Милано има тројца кандидати.

На списокот се наоѓа бившиот стратег на Интер, Антонио Конте, човекот кој прави „чуда“ со Болоња, Тијаго Мота и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.