Милан ги продолжи договорите со главните креатори на тимот

Паоло Малдини и Фредерик Масара остануваат во Милан и во следните две години. 

Двајцата директори кои се задолжени за трансфери и креирање на тимот ја добија довербата и од новите челници „Ред Бирд Капитал“. Нивните договори истекуваа на 1.јули, а дел од навивачите се загрижија дека Малдини и Масара може да го напуштат клубот.

Сепак тие добија гаранции од новите газди дека шампионот ќе остане конкурентен и ќе работи на унапредување на инфраструктурата, како и изградба на нов стадион.