Михајловиќ веќе е во болница, докторите со  јасна порака

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, веќе е во болница во истоимениот италијански град, каде го започна третманот за лекување од леукемија.

Легендарниот српски стручњак во саботата на конференција за медиуми најави дека во вторник ќе биде хоспитализиран, но сепак, тој ден порано отиде во болница.

Не можам да дочекам да одам во болница, Што порано сакам да го започнам лекувањето, за да го завршам порано, изјави Михајловиќ.

Леукемијата е еден одблик на рак на крвните зрнца и коскената срж, а утре ќе бидат познати резултатите кои дефинитивно ќе го дадат одговорот на прашањето од кој тип на леукемија боледува Србинот.

Докторите од Болоња потврдија дека Србинот има акутен тип на леукемија и дека му е потребен агресивен третман, но исто така силно веруваат дека тренерот ќе се излечи.

Во напад од првата минута, како што е ветени. И ние сме таму со нив. Напред Синиша, наведоа од болницата „Сент Орсола“ во Болоња.