Скандал во Бергамо: Михајловиќ и Гасперини влегоа во вербална војна, судијата мораше да реагира (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта славеа со 1-0 на домашен терен против Болоња, во рамки на 35. коло во Серија А.

Натпреварот, кој беше од големо значење за домаќинот, беше полн со напнатост и конфликти уште од самиот старт, а сè кулминираше пред крајот на првото полувреме по еден старт над играчот на Болоња.

Тренерот на Аталанта, Гасперини, се побуни кај судијата, а потоа реагираше и Синиша Михајловиќ.

Гаспе, не зборувај така со моите играчи, кој к*р. Што сакаш повеќе, во ку*ац? Не ја прекинувај играта. Е*и се, беше остар Михајловиќ.

Судијата Ла Пена го виде сето тоа и се приближи до двајцата.

Исфрлете го, додаде Михајловиќ, кој доби жолт картон, а Гасперини беше испратен на трибини.

Зошто јас?, Италијанецот се шокираше кој мораше да ја напушти клупата на Аталанта.