„Ми смрзна крвта кога ги дознав вестите, ќе биде тешко, ама мора да продолжиме понатаму“

Легендата на Барселона, Лионел Меси си заминува од екипата по долги години и наскоро ќе биде познато во која екипа ќе ја продолжи својата богата кариера.

Меси зборуваше на прес-конференцијата и одговараше на прашањата на новинарите, па откри како се чувствувал кога ги дознал вестите дека нема да остане во Барселона

„Ми смрзна крвта кога ја дознав веста, затоа што ми беше тешко. Уште не можам да го прифатам тоа. Кога ќе стигнам дома, уште ќе се чувствувам ужасно поради ова, но најважно е тоа што сме добри со моето семејство и тоа што ќе продолжам да играм фудбал. Ќе биде тешко, ама мора да продолжиме понатаму“, кажа Аргентинецот.