Меси со магичен потег на тренинг ја потврди добрата форма (ВИДЕО)

Сезоната во Ла Лига продолжува оваа недела по пауза од три месеци поради пандемијата на коронавирус.

Љубителите на фудбалот уште на стартот ќе имаат можност да уживаат во градското дерби помеѓу Севилја и Бетис, а сите тимови интензивно се подготвуваат за рестарот.

На денешниот тренинг, најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, кој неодамна се рехабилитираше од повреда, со совршен потег ја воодушеви спортската јавност, потврдувајќи дека магијата која ја има во своите нозе не изчезнала за време на паузата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@leomessi making it look too easy in training with silky smooth assists like this 😎 @fcbarcelona

A post shared by 433 (@433) on