Меси со „хет-трик“ сам ја совлада Севиља (ВИДЕО)

Спектакуларен натпревар одиграа екипите на Севиља и Барселона во рамки на 25. коло од шпанската Ла Лига, „Каталонците“ беа поуспешни со 4-2, благодарение на фантастичното издание на Лионел Меси. 

Севиља подобро го започна натпреварот, се наметна на теренот, а тоа го искористи Хесус Навас кој го отвори резултатот. Неколку минути подоцна Меси со извонреден волеј удар донесе израмнување. Но, ниту тој момент, не ги демотивираше домаќините кои преку Габриел Меркадо заминаа на паузата со водство од 2-1.

Вториот дел комплетно му припадна на волшебникот од Аргентина. Меси најпрвин го израмни реузлтатот на 2-2, а потоа и ја замолкна публиката на „Санчез Писхуан“ со својот трет погодок. Конечните 4-2 ги постави Луис Суарез во самата завршница. 


Барселона со оваа победа дополнително ја зацврсти лидерската позиција со 57 освоено бодови, пред „Ел класико“ натпреварот во наредното коло. Севиља останува петта со 37 бодови, а во наредното коло гостува кај Хуеска.