„Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона, имам потврда за тоа“

Новинарот на „БеИН Спорт“, Ашраф Бен Ајад, кој важи за многу релевантен извор, ги демантираше наводите за заминување на Лионел Меси од Барселона.

Евидентно е дека Меси е незадоволен од управата на каталонскиот гигант, на која очигледно и се ближи крајот, бидејќи претседателските избори се закажани за следното лето.

Имам потврда дека Меси сака да ја заврши кариерата во Барселона. До пред неколку недели постоеше активна клаузула во неговиот договор според која би можел да ја напушти Барса потполно бесплатно и да замине во клуб надвор од Европа, но тој воопшто не помисли да ја активира. Меси сака Барселона да има успешен проект во новата сезона, да ја освои Лигата на шампионите. Тој сака многу промени, истакна Ашраф, па додаде:

Го познавам многу години, имам груб увид во тоа како мисли. Лео има право да сака да освои и освојува титули. Тој е свесен дека ова е последна година на Бартомеу на кормилото на клубот, потенцираше новинарот кој дури еден ипол милион луѓе го следат на „Твитер“.