„Меси и Џордан се исти во желбата за победа“

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен за време на пандемијата поради коронавирусот го гледал документарниот серијал за Мајкл Џордан, „Последниот танц“.

Тој увидел многу сличности помеѓу легендарниот кошаркар на Чикаго булс и Лионел Меси.

„Во нивната желба за победа, секако дека се идентични личности“, вели Сетиен. „Сите тие спортисти што се толку добри и квалитетни знаат дека ќе победуваат и потребно им е да се 'хранат' на истиот начин“, коментира тренерот на Барселона, кој потврди дека Аргентинецот ќе биде подготвен за рестартот на сезоната и дуелот со Мајорка на гостински терен.