Меси едвај го напушти „Камп Ноу“ - навивачите трчаа по неговиот автомобил (ВИДЕО)

Ерата на најдобриот на сите времиња во Барселона, Лионел Меси заврши денеска со прес-конференцијата на која последен пат се обрати на „Камп Ноу“ откако поради Ла Лига не можеше да се регистрира новата соработка, па сега заминува во француски Пари Сен Жермен.

Меси со солзи се прости од Барса, неговиот дом во кој мина 21 година откако уште како дете на 13 години дојде во клубот, уште повеќе се расплака на стоечките овации од осиграчите, семејството, клупските вработени... На крај едвај успеа да замине од култниот каталонски стадион поради навивачите, кои го скандираа неговото име...

Откако со автомобилот се проби низ гужвата и излезе на улица, навивачите трчаа по автомобилот на Меси.