Мерсисајд дербито дефитнивно ќе се игра на „Гудисон Парк“

Стадионот на Евертон, „Гудисон парк“ ги доби потребните одобренија од градскиот совет на Ливерпул за да може да биде домаќин на фудбалски натпревари пред затворени врати.

На 21 јуни треба да се одигра големото градско дерби на кое Евертон ќе го пречека Ливерпул. Постоеја информации дека градското дерби можеби ќе се одигра на неутрален терен, доколку властите во Ливерпул и полицијата не дадат дозвола за одржување на фудбалскиот натпревар.

Навивачите повторно нема да можат да уживаат во живо да го гледаат дербито, но сигурно дека „карамелите“ се посреќни што на својот стадион ќе го пречекаат актуелниот лидер на табелата во Премиерлигата.

Натпреварите во Англија започнуваат на 17 јуни со два заостанати натпревари (Сити - Арсенал, Астон Вила - Шефилд), а потоа на 19 јуни продолжува 30.коло.