Мендеш сакал да го врати Роналдо во Шпанија, но не во Реал Мадрид

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо летово го напушти Јувентус и по 12 години се врати во Манчестер јунајтед, каде што добро му оди на почетокот затоа што даде четири гола, но за малку можел да заврши во шпанска екипа.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш сакал да го врати Роналдо во Шпанија, но не во Реал Мадрид, туку во градскиот ривал Атлетико.

Атлетико не можел да ги исполни барањата на Роналдо за плата, па поради на крајот се реши да го врати Антоан Гризман откако се раздели со Саул Нигез.

Доколку Роналдо потпишеше за Атлетико, тогаш ќе соработуваше со Диего Симеоне, човек со кој пред две години имаше конфликт во Лигата на шампиони и си го покажуваа меѓуножјето.