Мекманаман: Клоп ќе си замине од Ливерпул

Германскиот стручњак Јирген Клоп го врати Ливерпул во самиот врв на англискиот и светскиот фудбал. Минатата година ја освои Европа, а оваа сезона Англија.

Факт е дека воведе евидентни промени во Ливерпул, па затоа многу навивачи на клубот стравуваат дека Германецот би можел наскоро да го напушти „Енфилд“, а еден од нив е и Стив Мекманаман, поранешен англиски фудбалер, кој е убеден дека тоа наскоро ќе се случи.

Мислам дека Јирген го сака Ливерпул и Премиерлигата, но можам да го замислам да се врати во Германија и да го преземе Баерн. Начинот на кој се води тој клуб и начинот на кој гледаат сите германски тренери ми кажува дека неговото заминување е реално. Се чинеше дека Баерн е во пад, но сега има одличен тим во кој има простор и за искусни играчи, но и за млади и талентирани. Од друга страна, убеден сум дека ниту Реал, ниту Барселона не се заинтересирани за него. Особено ова важи откако Кристијано Роналдо го напушти Реал, истакна Мекманаман.

Клоп ја започна својата тренерска кариера во Мајнц во 2001 година. Тој остана таму седум години, како и во следниот клуб Борусија Дортмунд. Во Ливерпул е од 2015 година.