Медисон го реши прашањето околу неговата иднина

Стандардниот репрезентативец на Англија, Џејмс Медисон, се согласи за деталите за новиот договор со тимот на Лестер за значително подобри услови, пишуваат британските медиуми.

Медисон беше мета на неколку клубови, пред се Манчестер јунајтед, но се верува дека тој веќе има потпишано нов договор според кој би имал неделна плата од 105.000 евра.

Играчот од средниот ред на тој начин ќе стане вториот најплатен играч на „лисиците“, по напаѓачот Џејми Варди, кој има неделна плата од 130.000 евра.

Јунајтед одамна е познат како сериозен кандидат, но со доаѓањето на Бруно Фернандеш и враќањето на Пол Погба на терените, интересот опадна.

Последното коло од Премиер лигата (сите натпревари од 17:00 часот) носи судир меѓу Лестер и Манчестер јунајтед и директна борба за ЛШ. Само победа му гарантира на Лестер место во елитното натпреварување, бод би им одговарал и на двата тима доколку Челси загуби, а во тој случај, Јунајтед би одел во Лигата на шампионите и со пораз.

Медисон пристигна во Лестер во 2018 година од редовите на Норич за 25 милиони евра.