Мбапе се откажал од хет-трик поради Меси: Му требаше самодоверба, не сум јас 'газда' тука!

Француската суперѕвезда Килијан Мбапе кој синоќа даде два гола и стана најмладиот фудбалер кој успеал да дојде до 30 гола во Лигата на шампионите, нешто што не им успеало ни на Лионел Меси, ниту на Кристијано Роналдо откри дека се откажал да шутира пенал за хет-трик во интерес на Меси за Аргентинецот да ја набилда самодовербата.

Иако можел да побара да го шутира пеналот, кој го реализира Меси за конечни 4-1 против Бриж, Мбапе отстапил, па на француската и европска јавност ѝ откри дека тоа го направил во интерес на Аргентинецот.

„Ќе ни треба Лионел Меси и Меси останува Меси. Ќе ни треба во продолжение на сезоната, а сигурен сум дека ќе ни помогне и ќе биде најдобар кога најважните мечеви ќе дојдат. Него му треба да ја набилда самодовербата низ вакви мечеви. И добро е за него што мечот го заврши со два гола, но тоа е добро и за нас што тој даде два гола“, вели Мбапе.

Французинот има 12 гола и 11 асистенции во 22 меча досега.

„Јас само се обидувам да му помогнам на тимот, не ми е целта да покажам кој е газда тука. Едноставно, да му помогнам на тимот да победи со моите голови, јас асистирам, тие мене ми асистираат. Најважно е да победуваме и да играме добро“, додава Мбапе.