Машинеријата проработи - Роналдо со два гола му донесе победа на Јуве! (ВИДЕО)

Конечно Кристијано - дури во четвртото коло од Серија А, Роналдо го постигна својот првенец, поточно два гола на еден натпревар во дресот на Јувентус.

Само прашање на време беше кога ќе проработи португалската машина, па денеска несреќата беше на страната на Сасуоло.

Јуве пак играше бледо и не толку убедливо, а мразот го скрши Роналдо по 50 минути игра. А, 15 минути подоцна, Португалецот со левата нога повторно беше прецизен и ја претвори во гол брзата контра. Гостите постигнаа почесен погодок во судиското продолжение од натпреварот.

Ова за Роналдо беа првите два гола во дресот на Јуве, а за старата дама четврта победа на исто толку одиграни натпревари во Серија А.