Марка: Модриќ потпишува нов договор - ќе заработува колку Рамос

Се чини дека на трансфер-сапуницата на Лука Модриќ конечно ќе и дојде крајот. Шпанските медиуми за разлика од италијанските веќе со сигурност тврдат дека Хрватот ќе потпише нов договор со „кралевите“. 

„Марка“, медиум кој е многу близок до Реал Мадрид, вечерва објави дека Модриќ се договорил со клубот да го продолжи договорот и тоа за значително поголема плата. 

Фудбалерот од средниот ред моментално заработува 6,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе заработува 10 милиони евра, колку што изнесува платата на капитенот Серхио Рамос.

Само Герет Бејл ќе биде поплатен од нив двајца кој моментално има договор вреден 13 милиони евра по сезона.