Манчестер јунајтед нов рекордер во Премиерлигата - по бројот на пенали

Манчестер јунајтед денеска славеше со 2-0 на гостувањето кај Лестер сити и успеа да ја завери визата за настап во Лигата на шампиони следната сезона.

Првиот гол на „црвените ѓаволи“ беше постигнат од пенал, што го реализираше Бруно Фернандеш. Интересно тоа беше вкупно 14-ти пенал за Јунајтед сезонава во Премиерлигата, што е нов рекорд во историјата на ова натпреварување.