Манчестер јунајтед ќе понуди 230 милиони на Реал и плата од соништата за Бејл!

Реал Мадрид не сака да го продава херојот од Лигата на шампиони, Герет Бејл, но доколку не добие ветување за поголема минутажа во екипата на Зинедин Зидан, може да се очекува дека летово ќе замине од Мадрид.

Манчестер јунајтед е кандидат за неговиот потпис, кој сака да потроши неверојатни 230 милиони евра на неговиот трансфер, а исто така, сака да му понуди плата од 740.000 евра неделно.

Бејл не го почна натпреварот во Лигата на шампиони против Ливерпул, но по само 122 секунди откако влезе како резервен играч, постигна фантастичен погодок.

„Сан“ пишува дека агентот на фудбалерот од Велс, Џонатан Барнет, ќе има состанок со Перез во текот на наредните две недели.

„Јас ќе преговарам летово со управата и сериозно ќе размислам кој ќе биде мојот следен чекор во иднина“, кажал Бејл.