
Манчестер јунајтед го користи Санчо за да добие огромно засилување!
На врвот на листата со желби на Рубен Аморим се наоѓа Виктор Осимен од Наполи, а Манчестер јунајтед сака да го искористи Санчо за да го ангажира искусниот напаѓач.
Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека Наполи покажал интерес за Санчо, а „ѓаволите“ ќе го понудат во размена за Осимен за да ја намалат цената на Нигериецот.
Осимен веќе имаше богати понуди од Саудиска Арабија, но реши да ги одбие и засега не е јасен неговиот план за иднината.
Фото: Facebook/Chelsea FC