Мали се шансите Карик да остане на клупата на Јунајтед, ќе го замени - Хрват!?

Мајкл Карик го препороди Манчестер Јунајтед од своето доаѓање, но и покрај тоа, мали се шансите да ги води „ѓаволите“ и идната сезона.

Менаџментот на клубот од Олд Трафорд веќе бара негов наследник. Прва желба бил Луис Енрике, но шпанскиот стручњак одбил да се пресели во Англија бидејќи сака да ја продолжи соработката со ПСЖ. Тоа е негова конечна одлука поради што Јунајтед веќе се свртел кон другите опции.

Најголем фаворит за менаџерската позиција сега е хрватскиот стручњак Нико Ковач, во моментов тренер на Борусија Дортмунд. Во бундеслигашот не се премногу задоволни од неговата работа и јасно му ставиле до знаење дека мора да ја крене формата на екипата ако сака да остане и идната сезона, но и тој самиот е подготвен за нов предизвик.

Преговорите меѓу Јунајтед и Ковач би требало да почнат наскоро, а од втор план шанса чекаат Роберто де Ѕерби и Томас Тухел иако Германецот не е реална опција затоа што е актуелен селектор на Англија.