Магична интервенција на Димитриевски за 11. „чиста мрежа“ сезонава (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски го одигра и 11. натпревар оваа сезона на кој ја сочува својата мрежа нечепната.

Попладнево Рајо Ваљекано одигра 0-0 на гостувањето кај Селта, а нашиот чувар на мрежата имаше огромен придонес за тоа. Покрај неколку интервенции, најспектакуларна беше онаа во второто полувреме кога по еден удар на противничкиот фудбалер Ларсен, топката удри во стативата, па Димитриевски ја одби со нозете и спречи да влезе во мрежата.

 

 

По 30. коло, Рајо е на 16. позиција на табелата со 30 бода, пет повеќе од Кадиз кој е на 18. место. Покрај Димитриевски, 11 „чисти мрежи“ има уште Марк Андре Тер Штеген од Барселона, 12 има Алекс Ремиро од Сосиедад, а рекордер е Унаи Симон од Атлетик Билбао со 15.