Маестро Милинковиќ-Савиќ го искачи Лацио на третата позиција (ВИДЕО)

Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ дефинитивно е најпријатното изненадување сезонава и вистинско откритие во Серија А и тоа го потврдува речиси на секој натпревар.

Одличниот напаѓач со два гола учествуваше во денешната победа на Лацио од 3-0 на гостувањето кај Сасуоло, а посебно за издвојување е првиот гол, со кој уште еднаш се потврди зошто светските гиганти нудат по 100 милиони евра за него.

За Србинот ова беа осмиот и деветтиот гол во Серија А, а победата над Сасуоло ја потврди Чиро Имобиле, кој на своето конто сега има 23 постигнати гола и е лидер на листата на стрелци.

Лацио сега има 52 освоени бода и е третопласиран, пред Интер и Рома кои имаат по 51, односно 50 бода. Втор е Јуве со 65, а лидер Наполи со 66.

Серија А:

Фиорентина - Кјево 1-0
Сампдорија - Удинезе 2-0
Сасуоло - Лацио 0-3
Верона - Торино 2-1