Луис Алберто го врати Лацио во трка за ЛШ (ВИДЕО)

Лацио освои големи три бодови на гостувањето кај Џенова (1-0) во 33. коло од италијанската Серија А, со што се врати во трката за место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Гостите од Рим беа подобар тим на теренот и се заканија дури 13 пати кон голот на Џенова, но единствениот погодок беше постигнат во 67. минута од Луис Алберто.

„Небесно-сините“ во моментов се на шестата позиција со 52 освоени бодови, односно три помалку од Рома.